Достапни линкови

Бајден оптимист дека Конгресот ќе го одобри договорот со Иран


Американскиот потпретседател Џо Бајден изрази оптимизам дека нуклеарниот договор со Иран ќе биде одобрен од Конгресот. Тој ова го изјави по вчерашната приватна средба со конгресмени на Демократската партија. На Белата куќа и се неопходни една третина од гласовите во Конгресот откако претседателот Барак Обама најави дека ќе стави вето во случај договорот да биде отфрлен од републиканците за време на 60 дневната проценка во Конгресот на иранскиот нуклеарен договор.

XS
SM
MD
LG