Достапни линкови

Оланд: спречени терористички напади во Франција


Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека оваа недела биле пречени терористички напади во земјата и оти за тоа детално ќе биде известен од министерот за внатрешни работи Бернар Казнев. Министерот Казнев соопшти дека биле уапсени четири лица кои ги планирале овие напади. Во вторникот во близина на Марсеј се случи експлозија во еден петрохемиски комплекс, но министерот Казнев изјави дека се уште не било утврдено која била причината за експлозијата.

XS
SM
MD
LG