Достапни линкови

logo-print

Обама му заблагодари на Путин за нуклеарниот договор со Иран


Американскиот претседател Барак Обама му заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин за важната улога на неговата земја во финализирањето на договорот за иранската нуклеарна програма. Во интервју за весникот „Њујорк тајмс“ Обама изјави дека можеби немало да дојде до договор без Русија, која влијаела врз Техеран да прифати потежок договор од оној што го посакувал. Двајцата лидери имале и телефонски разговор при што се согласиле на тесна соработка во спроведувањето на договорот, а изразиле и желба за заедничка работа и во врска со други прашања, како граѓанската војна во Сирија.

XS
SM
MD
LG