Достапни линкови

ДУИ: меѓуетничките прашања се дел од договорот


ДУИ го поздравува вчерашниот договор и изразува убедување дека Македонија од синоќа е посилна, ја врати политичката стабилност и се доближи уште повеќе до НАТО и ЕУ, стои во соопштението на ДУИ.

Договорот од 2 јуни заедно со извештајот на г. Прибе, итните препораки на ЕК, препораките на високиот дијалог предупредена од ЕУ како и препораките на анкетната парламентарна комисија за настаните од 24 декември, се предмет на работната група под раководство на г. Петар Ванхут и со учество на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, како и олеснувањето на ЕУ и САД.

Во контекст на договорот на 2 јуни, ДУИ до работната група ги има доставено предлозите за точките што се однесуваат на меѓуетничките односи, целосната имплементација на Охридскиот Договор, добрососедските односи и на Евроатлантските интеграции..

Точките кои ги предлага ДУИ се: Поделба на 3 најзначајни државни позиции со ротација (Претседател, Премиер, Претседател на Собрание), фер и правична распределба на буџетот, балансиран регионален развој, јазичните политики, адекватна и правична застапеност, консенсуалност, помирување, националните симболи, договорот од 29 Мај, 24 часовна државна телевизија на Албански јазик, мерки за градење доверба и ресоцијализација

Истотака, ДУИ има предложено и теми за разговор кој што се однесуваат и на односите со Албанија, Косово, Бугарија и Грција заедно со предлозите за забрзување на евроатлантската интеграција на земјата, стои во соопштението.

XS
SM
MD
LG