Достапни линкови

logo-print

Дел од пратениците на СИРИЗА против мерките за штедење


Грчкиот премиер Алексис Ципрассе соочува со сè поголем бран на непријателство од страна на членовите на неговата партија во пресрет на гласањето во парламентот за предлог-законот за штедење. Потребно е Грција да го усвои законот за да добие нов пакет помош.
Грчките пратеници вечерва ќе расправаат за мерките и се очекува да го поддржат предлог-законот за штедење, во голема мера поради поддршката од опозициските пратеници за договоротмеѓу Атина и нејзините доверители.

Но, пакетот мерки кој вклучува зголемување на даноци, пензиските реформи и други кратење е во спротивност со суштината на политиките на СИРИЗА. Се очекува голем дел од пратениците на СИРИЗА да гласаат против пакетот, покренувајќи го прашањето дали владата на Ципрас може да преживее во сегашната форма.

Грчкиот заменик министер за финансии Надиа Валавани рече дека нема да гласа во корист на законот и поднесе оставка од нејзината функција.

Своето незадоволство од новиот пакет, јавниот сектор во Грција денеска го искажува преку 24 часовен штрајк, додека на плоштадот Синтагма пред Паралментот се протестира.

XS
SM
MD
LG