Достапни линкови

Британија повторно ќе отвори амбасада во Техеран


Велика Британија се надева дека повторно ќе ја отвори своја амбасада во Техеран до крајот на годината, откако е склучен договорот меѓу Иран и големите светски сили за нуклеарната програма. Секретарот за надворешни работи Филип Хамонд денеска пред парламентот изјави дека отворањето на амбасадата зависи од решавање на некои технички прашања. Дипломатските односи меѓу Британија и Иран беа прекинати, а амбасадата затворена, откако ирански демонстранти упаднаа во мисија во 2011.

XS
SM
MD
LG