Достапни линкови

Нуланд со честитки за решавањето на кризата


Премиерот Никола Груевски изутрината телефонски разговaрал со помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, при што таа му упатила честитки за решавањето на политичката криза со синоќешниот договор, соопшти владината прес-служба.

„Нуланд честиташе за лидерството кое беше демонстрирано и истакна дека САД останува стратешки партнер на Република Македонија во реализација на реформите, интеграциите и напредокот на нашата земја“, стои во соопштението.

XS
SM
MD
LG