Достапни линкови

Партиски реакции на помалите партии за договорот


Политичките партии во Македонија преку соопштенија до јавноста го поздравуваат постигнатиот договор за надминување на политичката криза во земјава.

Демократскиот сојуз, договорот помеѓу четирите партии (ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА), го оценува како значаен компромис за демократска и европска Македонија.

ДОМ го смета за основа за демократизација на земјата.

Либерално-демократската партија вели дека одржувањето на предвремени парламентарни избори на 24 април догодина ќе биде ново поглавје за враќање на демократијата.

XS
SM
MD
LG