Достапни линкови

logo-print

Се надевам дека одредбите од постигнатиот договор нема да бидат мотив за гола борба за власт туку натпревар за идеи и програми, рече претседателот Иванов. Амбасадорот Бејли рече дека со договорот Македонија победила.

Доаѓа време на отрезнување и освестување, следува период кога сите институции треба да го покажат капацитет и подготвеноста да се справат со она што го попречува македонскиот евроатлански пат, изјави денеска претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов.

Се надевам дека одредбите од постигнатиот договор нема да бидат мотив за гола борба за власт туку натпревар за идеи и програми со кои ќе се добива довербата на граѓаните на Република Македонија.

Тој во своето обраќање го поздрави постигнатиот договор меѓу власта и опозицијата и истакна дека партиите треба да си ја сфатат улогата во општеството и да ги анализираат последиците од нивните активности и неактивности. Иванов очекува во најкраток можен рок да се нормализира политичката клима и да се врати посветеноста на евроинтергациите.

„Барам Европскиот совет да ја вреднува покажаната конструктивност на политичките лидери и во најбрзо време да донесе одлука за почеток на пристапните преговори членство во Европската унија, како важен предуслов за продолжување на македонската европска интеграција и демократизација, но и како врана за превенција од вакви и слични кризи во иднина.“

Но дозволете да кажам многу едноставно и накратко дека со ова Македонија победи.

Иванов истакна дека отсуството на дијалог и непочитувањето на институциите се во основа на секоја криза која сме ја имале досега и затоа посочи дека вратата на претседателскиот кабинет ќе остане отворена за сите добронамерни иницијативи.

„Се надевам дека одредбите од постигнатиот договор нема да бидат мотив за гола борба за власт туку натпревар за идеи и програми со кои ќе се добива довербата на граѓаните на Република Македонија. Суштината на политичката борба не се лични суети и кариери туку битка за просперитетна и европска Македонија.“

Претходно американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли за синоќешниот договор на власта и опозицијата накратко изјави дека со него Македонија победи. Тој по предавањето на донацијата од САД за македонското МВР ги пофали напорите на европската унија во преговорите и на лидерите на политичките партии за кои рече дека ги ставиле интересите на граѓаните над партиските интереси.

„Но дозволете да кажам многу едноставно и накратко дека со ова Македонија победи.“

Со овој договор и неговата имплементација која ќе бара работа, како што знаете во следните неколку месеци, но исполнувањето на одредбите од тој договор ќе значи дека Македонија силно ќе се придвижи кон НАТО и Европската унија. Сакам да ве уверам дека САД , и другите меѓународни партнери како ЕУ и ОБСЕ ќе бидат тука да ви помогнат, да им помогнат на сите вклучени во овој процес за напредокот на Македонија. “

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG