Достапни линкови

Иванов - треба да извлечеме поука од оваа криза


Претседателот Ѓорѓе Иванов очекува во најбрз рок да се нормализира политичката клима и да се врати посветеноста кон евроинтеграциите на Македонија. Тој го поздрави постигнатиот договор меѓу лидерите. Претседателот вели дека партиите мора да ја сфатат улогата што ја имаат во општеството и да ги анализираат последиците од сите нивни активности.

„Сите треба да извлечеме поука од оваа криза“, вели Иванов.

Македонскиот претседател изрази надеж дека одредбите од постигнатиот договор нема да бидат мотив за гола борба за власт, туку натпревар на идеи и програми со кои ќе се добива довербата на граѓаните.

„Суштината на политичката борба не се личните суети и кариери, туку битка за просперитетна и европска Македонија“, порача претседателот.

XS
SM
MD
LG