Достапни линкови

ЕК предлага седум милијарди евра за Грција


Европската комисија предлага да и додели на Грција тримесечен кредит од седум милијарди евра, со кои ќе се покријат финансиските потреби на државата во јули, се наведува во документ објавен на сајтот на ЕК. Средствата ќе се обезбедат од Европскиот механизам за финансиска стабилизација. Траншата од седум милијарди евра ќе се реализира ако Грција го прифати првиот пакет ветени економски реформи до крајот на денешниот ден и направи „недвосмислени чекори за подготовка за реализирање“ на други реформи, се вели во документот.

XS
SM
MD
LG