Достапни линкови

Авганистан - Талибанците го поддржаа договорот со власта


Духовниот лидер на авганистанските талибанци го призна мировниот договор со авганистанската влада како легитимен. Мула Мохамед Омар денеска изјави дека целта на процесот е „крај на окупацијата“ од страна на странски сили.

Денешната изјава на талибанскиот лидер означува напуштање на традиционалната лидерска позиција на Талибанците, кои велеа дека не може да има значајни разговори се додека сите странски воени сили не го напуштат Авганистан.

Претходно овој месец авганистански официјални лица и претставници на талибанците имаа разговори во Пакистан.

XS
SM
MD
LG