Достапни линкови

Бејли - Лидерите ги ставија граѓаните пред партиските интереси


Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска го поздрави договорот што го постигнаа партиските лидери за надминување на политичката криза во Македонија.

„Македонија победи. Сакам да ги пофалам лидерите што постигнаа договор синоќа и ги ставија граѓаните пред политичките интереси на партиите. Самиот договор ќе значи многу работа и исполнувањетона одредбите од тој договор ќе значи дека Македонија силно ќе се придвижи кон НАТО и ЕУ“, изјави Бејли по предавањето на донацијата од САД за македонското МВР.

Ве уверувам, рече тој, дека САД заедно со нашите партнери ЕУ и ОБСЕ ќе бидат заедно за да помогнат во напредокот на Македонија.

Бејли ги поздрави напорите на еврокомесарот Хан и на сите други од ЕУ за да и помогне на Македонија да ги надмине проблемите и да зачекори напред.

XS
SM
MD
LG