Достапни линкови

Саудиска Арабија: Иран да не предизвикува проблеми


Саудиска Арабија соопшти дека го предупреди Иран да не ги употребува парите од најавеното олабавување на западните санкции за да предизвикува проблеми во регионот. Техеран мора да ги користи овие средства за иранскиот народ, а не за да поттикнува нестабилност во регионот. Земјите од Персискиот залив, особено Саудиска Арабија која е најголем извозник на нафта во светот, изразија сериозна загриженост од постигнатиот нуклеарен договор со Иран.

XS
SM
MD
LG