Достапни линкови

Обама ќе го објаснува нуклеарниот договор со Иран


Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе одржи прес конференција со која почнува кампања за елаборирање и убедување на американската јавност и на скептичните конгресмени за придобивките од нуклеарниот договор со Иран. Џош Ернст, портпарол на претседателот Обама, изјави дека Обама ќе одговора на новинарски прашања во врска со договорот. Повеќето републикански кандидати за американски претседател и републиканците во Конгресот најавија дека ќе го отфрлат договорот. Обама исто така, го испраќа секретарот за одбрана Еш Картер на Блискиот Исток со цел на тамошните сојузници, Израел и Саудиска Арабија, да им ја објасни содржината на договорот што вчера беше постигнат меѓу Иран и шесте светски сили за ограничување на иранската нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG