Достапни линкови

Ципрас: договорот за новата помош мора да се спроведе


Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека ја презема одговорноста за договорот за новата финансиска помош што Грција го постигна со лидерите на еврозоната на 13 јули. „Целосно сум свесен за мојата одговорност, за грешките и за текстот во кој јас не верувам, но сум обврзан да го спроведам“, изјави Ципрас во интервју за грчката телевизија пред денешното гласање за договорот во парламентот. Ципрас додаде дека со тоа се спасува земјата да не излезе од еврозоната . Во спротивно, како што рече, тоа ќе водело кон уништување на средната и пониските класи во земјата. Според него, банките нема да бидат отворени се додека не биде финализиран договорот, што би можело да трае скоро еден месец.

XS
SM
MD
LG