Достапни линкови

logo-print

Пресот на Хан презакажан за подоцна


Средбата на лидерската четворка во резиденцијата на ЕУ во скопско Пржино со еврокомесарот Јоханес Хан се уште трае. Првично беше најавено дека Хан ќе одржи прес конференција во 18:30, но сега пресот е презакажан за во 20 часот. На заедничката средба и претходеа одвоени средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. При влегувањето во резиденцијата на ЕУ, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на новинарско прашање дали ќе има договор, кусо одговори дека ќе има. Хан, кој е посредник во преговорите за надминување на политичката криза, на разговорите во Скопје е придружуван од тројцата европратеници, Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел.

XS
SM
MD
LG