Достапни линкови

Ахмети - Ќе има договор за излез од кризата


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Почна средбата на лидерската четворка во резиденцијата на ЕУ во скопско Пржино. При влегувањето во резиденцијата на ЕУ, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на новинарско прашање дали ќе има договор, кусо одговори дека ќе има. Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, се во резиденцијата на ЕУ од претходно, каде што разговарале со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, кој е посредник во преговорите за надминување на политичката криза. Претходно Хан во ЕУ Инфо центарот во Скопје имаше одделни средби и со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. За во 18:30 е најавена прес-конференција на Хан во Скопје. На разговорите во Скопје присуствуваат и тројцата европратеници, Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел.

XS
SM
MD
LG