Достапни линкови

Луначек - Приштина да ја искористи втората шанса


Потпретседателката на Европскиот Парламент Улрике Луначек побара косовската Влада да ја искористи „втората шанса“' и собранието во Приштина да ги усвои уставните амандмани со кои ќе се овозможи формирање на Специјален суд за воените злосторства на ОВК.

Како што пренесуваат приштинските медиуми, Луначек се придружила на синџирот за „жесток притисок“ врз косовската Влада, за Собранието да го разгледа и усвои овој закон.

Луначек вели дека основањето на Специјален суд на Косово ќе му овозможи да продолжи по својот пат, ослободувајќи се од „нејасното“, а докажувајќи го „чистото минато“.

XS
SM
MD
LG