Достапни линкови

К - 15 ќе се исплаќа, за износот ќе треба договор


Приватните компании и натаму ќе исплаќаат регресот за годишен одмор на вработените, со можност за повисок или понизок износ доколку за тоа претходно се договорат засегнатите страни.

Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи кои вчера го потпишаа текстот на Спогодбата за измени на Општиот колективен договор се договорија правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 отсто од просечната месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните 3 месеци да остане и понатаму и тоа право да го користат сите вработени во приватниот сектор.

XS
SM
MD
LG