Достапни линкови

Историски договор со Иран - надеж и шанса


Договорот меѓу Иран и светските сили отвори пат кон ново поглавје во меѓународните односи, согласни сите учесници во преговорите. За Израел договорот е лоша грешка.

„Со храброст, политичка волја, меѓусебно почитување и лидерство, дојдовме до она по што трагаше светот“, рече шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, официјално објавувајќи за договорот со Иран. Таа изјави дека договорот може да отвори пат кон ново поглавје во меѓународните односи. Таа вели дека дипломатијата, координациите, соработката може да доведат до надминување на децениски тензии и конфронтации.

Со храброст, политичка волја, меѓусебно почитување и лидерство, дојдовме до она по што трагаше светот.

„Мислам дека ова е знак на надеж за целиот свет", изјави Могерини.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф рече дека договорот „не е совршен“ за ниту една страна, но додаде дека договорот е важен успех за сите.

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус за дневниот весник „Ле Монд“ изјави дека преговарачите постигнале „доволно стабилен договор“.

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека договорот ќе придонесе за борбата против тероризмот на Блискиот Исток. Русија е силен поддржувач на Иран и се спротивставуваше на санкциите на САД и ЕУ кон Иран.

Ако договорот се спроведува правилно постепено може да ја елиминира недовербата.

Иранскиот претседател Хасан Рохани во телевизиското обраќање до нацијата рече дека договорот со светските сили ги штити нуклеарните достигнувања на Иран, кои се извор на гордост за земјата. Тој вели дека нуклеарната програма не е за произведување наатомско оружје. Со договорот се укинуваат санкциите, рече Рохани и додаде дека ако договорот се спроведува правилно постепено може да ја елиминира недовербата. Договорот отвора ново поглавје во соработката со остатокот од светот по години на санкции. Тој ги повика соседните земји да ја игнорираат, како што рече, пропагандата од Израел, велејќи дека Иран останува посветен на интересите за стабилност во регионот.

​„Го сопревме ширењето на нуклеарно оружје на Блискиот Исток“, изјави американскиот претседател Барак Обама во обраќањето во Вашингтон по повод договорот со Иран. Прес конференцијата на Обама се емитуваше и на иранската телевизија. Тој рече дека договорот меѓу светските сили и Иран не се заснова на доверба, туку на верификација.

Го сопревме ширењето на нуклеарно оружје на Блискиот Исток.

Во Белата куќа, американскиот претседател Барак Обама го предупреди Конгресот дека ќе стави вето на секој закон со кој ќе се спречи успешна имплементација на постигнатиот договорот. Обама изјави дека договорот го исклучува секој начин Иран да дојде до нуклеарно оружје. Американскиот претседател вели дека договорот нуди шанса за нова насока во односите со Техеран, кои се сериозно затегнати од Исламската револуција во Иран во 1979 и отежнати со нуклеарни активности на земјата. Таа нова шанса треба да се искористи, рече Обама.

Лоша грешка од историски размери е новиот договор меѓу Иран и светските сили, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху. Иран сега ќе добие сигурен пат за да развива нуклеарно оружје, оти се укинати многу од ограничувањата кои требаше да спречат да дојде до тоа“ рече денеска Нетенјаху. Тој вели дека Иран ќе добие џекпот, стотици милијарди долари, кои ќе му овозможат да продолжи со својата агресија и терор во регионот и во светот
.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG