Достапни линкови

Бојкотирана Комисијата за надзор на тајни служби


Пратениците од ДУИ денеска ја напуштија седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање, откако не беше прифатено нивното барање да се прекине седницата се додека пратеникот Зуљфи Адили не добие писмен одговор во врска со неговото барање за безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации.

Пратениците Адиљи и Рафиз Алити, укажувајќи дека се потребни базични измени во Законот за класифицирани информации, посочија дека немањето одговор и по една година од страна на УБК отвора дилеми во пратеничката група на ДУИ. Седницата ја напушти и пратеничката Роза Топузова-Кареска, која истакна дека долгото неиздавање безбедносни сертификати од страна на УБК отвора и сомнеж за нејзината работа. Должност е на Управата, смета таа, да одговори зошто одреден пратеник не може да добие сертификат.

На седницата денеска беа донесени два заклучока и тоа да се оствари надзорна посета на УБК и да се побара писмен извештај за нејзината работа во текот на минатата година.

XS
SM
MD
LG