Достапни линкови

Обама - шанса за нови односи со Техеран


„Го сопревме ширењето на нуклеарно оружје на Блискиот Исток“, изјави американскиот претседател Барак Обама во обраќањето во Вашингтон по повод договорот со Иран. Прес конференцијата на Обама се емитуваше и на иранската телевизија. Тој рече дека договорот меѓу светските сили и Иран не се заснова на доверба, туку на верификација. Во Белата куќа, американскиот претседател Барак Обама го предупреди Конгресот дека ќе стави вето на секој закон со кој ќе се спречи успешна имплементација на постигнатиот договорот. Обама изјави дека договорот го исклучува секој начин Иран да дојде до нуклеарно оружје. Американскиот претседател вели дека договорот нуди шанса за нова насока во односите со Техеран, кои се сериозно затегнати од Исламската револуција во Иран во 1979 и отежнати со нуклеарни активности на земјата. Таа нова шанса треба да се искористи, рече Обама.

XS
SM
MD
LG