Достапни линкови

Дејселблум - Продолжува работата за Грција


Еврогрупата ќе продолжи денеска со работа на проектот за преоден кредит за Грција, изјави денеска пред новинарите претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум при пристигнувањето на седницата на Советот на Европската унија.

„Се уште го разгледуваме тоа прашање и денеска работната група на еврозоната ќе го разгледа. Можно е да биде закажена телеконференција денеска или утре, рече Дејселблум.

Тој појасни дека во моментов се прави оценка на сите можни механизми и фондови, кои можат да бидат искористени за отпуштање на средствата на Грција.

XS
SM
MD
LG