Достапни линкови

Ахмети - државните интереси пред партиските


Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со Јоханес Хан во седиштето на ЕУ во Скопје, рече дека сите политички партии треба да се надминат себе си и државните интереси да ги стават пред партиските. Ахмети вели дека денеска е важен ден за Македонија и дека ДУИ има свои предлози за надминување на кризата. Хан имаше средба и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Попладне Хан ќе има одвоени средби со Груевски и со Заев, а подоцна и заедничка средба со четворицата лидери, по што ќе следува прес конференција.

XS
SM
MD
LG