Достапни линкови

logo-print

Реакции за договорот со Иран


„Со храброст, политичка волја, меѓусебно почитување и лидерство, дојдовме до она по што трагаше светот“, рече шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, официјално објавувајќи за договорот со Иран. Таа изјави дека договорот може да отвори пат кон ново поглавје во меѓународните односи. Таа вели дека дипломатијата, координациите, соработката може да доведат до надминување на децениски тензии и конфронтации.

„Мислам дека ова е знак на надеж за целиот свет", изјави Могерини.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф рече дека договорот „не е совршен“ за ниту една страна, но додаде дека договорот е важен успех за сите.

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус за дневниот весник „Ле Монд“ изјави дека преговарачите постигнале „доволно стабилен договор“.

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека договорот ќе придонесе за борбата против тероризмот на Блискиот Исток. Русија е силен поддржувач на Иран и се спротивставуваше на санкциите на САД и ЕУ кон Иран.

XS
SM
MD
LG