Достапни линкови

logo-print

Историска изградба на водоводот во Тетово


Населба Колтук во Тетово, која се наоѓа во повисоките зони на градот и најчесто има проблем со водоснабдувањето.

Населба Колтук во Тетово, која се наоѓа во повисоките зони на градот и најчесто има проблем со водоснабдувањето.

Новиот водоснабдителен систем за Тетово се гради веќе 15 години, односно неговата изградба почна на крајот на минатиот век, а не е ни блиску до завршување. Тетовци со години немаат вода.

Жителите на Тетово годинава бележат неславен јубилеј - 15 години очекување да се доврши изградбата на новиот водоснабдителен систем со зафаќање на води од планинските реки на Шар Планина, што претставува долгорочно решение за проблематичното водоснабдување. Водоводот започна да се гради во 2000 година, а проектот беше прекинат поради финансиски злоупотреби, по што се отвори и судски предмет. Градбата продолжи во периодот од 2007 до 2011. Потоа повторно паузираше сè до 2014 година.

Кога ќе биде Господ знае. Никој за ништо не одговора.

Имате ли вода беше најчестото прашање кое тетовци си го поставуваа со години кога разговараа како им оди живејачката во градот под Шара.

Населба Два Бреста во Тетово.

Населба Два Бреста во Тетово.

„Порано немаше вода по цели денови. Имало по еден саат-два, па потоа малку се подобри ситуацијата.“

„Во однос на водата е проблем наназад многу години. На три пати пари им пуштија и општински и државни и републички, линијата нова што ја водат. Кога ќе биде Господ знае. Никој за ништо не одговора.“

Според СЗО, четири елементи се главни за да кажеме дека се користи безбедна и квалитетна вода за пиење. Тоа е пред сè безбедност - значи микробиолошки и физичко-хемиски, во доволна количина, удобност при користење и во континуитет да се користи. Со самото тоа ние еден од четирите темели го нарушуваме кога имаме дисконтинуитет.

„Навечер ќе наполневме туби. Ќе ги загреевме во казани на шпорет.“

„Па бааѓи време. Ќе наполниш, па после ќе чекаш друга партија кога ќе дојде по осум саати ли повеќе“, раскажуваат анкетираните тетовци.

Д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје вели дека поради 15 годишното непостојано водоснабдување, градот е во категоријата на места каде нема безбедна вода за пиење.

„Според Светска здравствена организација четири елементи се главни за да кажеме дека се користи безбедна и квалитетна вода за пиење. Тоа е пред сè безбедност - значи микробиолошки и физичко-хемиски, во доволна количина, удобност при користење и во континуитет да се користи. Со самото тоа ние еден од четирите темели го нарушуваме кога имаме дисконтинуитет“, објаснува докторот, специјалист по здравствена екологија.

Министерот за животна средина Нурхан Изаири и тетовската градоначалничка Теута Арифи во јули извршија увид на градбата на водоводот и соопштија дека работите се до половина.

„Гледаме дека се интензивираат работите и очекува овој проект да се заврши до 15 декември“, изјави Изаири.

Се предвидува изградба и на филтер станица. Новиот систем за зафаќање вода треба да обезбеди дополнителни 200 литри вода во секунда во градската водоводна мрежа.

XS
SM
MD
LG