Достапни линкови

Хан се сретна со Ахмети и Тачи


Еврокомесарот Јоханес Хан се сретна со претседателите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. За поладнево се предвидени средби со премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Освен Хан, во Скопје се и европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит. За доцна попладне е најавена прес-конференција на комесарот Хан на која се очекува да ги соопшти резултатите од разговорите со политичките лидери.

XS
SM
MD
LG