Достапни линкови

logo-print

Ахмети и Тачи со најмногу отсуства од Парламентот


Од јануари до јуни оваа година македонскиот Парламент одржал 28 седници, а карактеристично за неговата работа и натаму е отсуството на пратениците од опозицијата. Од вкупно 28 седници 25 се завршени, а три не се завршени. Шест од нив биле за поставување пратенички прашања. Во првите шест месеци од годинава Собранието донело 178 закони од кои 102 се од економкската област, 29 од политичкиот систем, а 47 од областа на јавните дејности. Според 15-тиот број на „Мојот пратеник“ лидерите на двете најголеми партии на Албанците во земјата Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, кои воедно се и пратеници, имаат најмногу оправдани отсуства од пленарните седници - 28. На оваа листа се и Хазби Лика со 49 отсуства, Ермира Мехемти со 38, Ристо Манчев со 34 и Амди Бајрам со 27 оправдани отстуства.Листата на пратеници кои немаат отсуство од пленарните седници ја предводи првиот човек на Собранието Трајко Вељаноски, а зад него се Андон Чибишев, Светлана Јакимовска, Силвана Бонева, Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Роза Топузова Каревска и други.

XS
SM
MD
LG