Достапни линкови

logo-print

Турција: неуставна одлука за затворање илјадници приватни училишта


претседателот Реџеп Таип Ердоган и исламскиот свештеник Фетула Ѓулен

претседателот Реџеп Таип Ердоган и исламскиот свештеник Фетула Ѓулен

Турскиот Уставен суд ја поништи контроверзната легислатива со која се бараше затворање на илјадници приватни училишни центри. Со законот усвоен од парламентот во март лани се наложува затворање на центрите од први септември годинава. На овој потег се гледа како на нов чекор во борбата меѓу претседателот Реџеп Таип Ердоган и движењето на исламскиот свештеник Фетула Ѓулен чие седиште е во Соединетите држави и кое контролира голем број такви центри. Ердоган ги обвини следбениците на Ѓулен во полицијата и судството дека биле зад обвинувањата за корумпираност што ја потресоа неговата влада во минатата година.

XS
SM
MD
LG