Достапни линкови

Украинскиот премиер Јацењук во САД


Арсениј Јацењук

Арсениј Јацењук

Американскиот претседател Барак Обама на разговорите во Белата куќа со украинскиот премиер Арсениј Јацењук побарал да продолжат реформите и обврските на таа земја спрема Меѓународниот монетарен фонд. Фондот ја задржа последната исплата на заемот од 40 милиони долари поради запирањето на реформите. Јацењук во интервју за новинската агенција Асошиетед прес најави дека ниту еден од неколкуте предложени закони во парламентот кои би донесле крај на економските реформи нема да бидат одобрени. „Ако тоа се случи, тогаш претседателот Петро Порошенко ќе стави вето врз нив. Во секој парламент има популисти. Некои изгледаат како лудаци“, изјави Јацењук.

XS
SM
MD
LG