Достапни линкови

Продолжени нуклеарните преговори со Иран


Преговорите меѓу Иран и шестте светски сили за иранската нуклеарна програма продолжија со извесни знаци дека наскоро би можело да биде постигнат договор. Новинската агенција Ројтерс јавува дека преговарачите постигнале начелна согласност околу клучните прашања кои беа пречка за конечен договор досега. Според нацрт договорот, на инспекторите на Обединетите нации ќе им биде дозволен пристап до сите ирански нуклеарни постројки. Исто така ќе биде ограничена иранската нуклеарна програма за возврат на олабавување на западните санкции.

XS
SM
MD
LG