Достапни линкови

Унгарија ја започна изградбата на оградата кон Србија


Унгарски војници започнале да ја подигнуваат контроверзната ограда на границата со Србија за да се спречат мигрантите да влегуваат во Унгарија. Првиот дел од оградата почна да се подигнува во Морахалом, на околу 180 километри јужно од Будимпешта. Парламентот во минатата недела одобри изградба на бариера во должина од 175 километри. Таа ќе биде висока четири метри. Унгарија е во Шенген зоната што значи дека ако мигрантите влезат во таа земја можат слободно да се движат во другите земји кои се дел од Шенген зоната. Од почетокот на годинава во Унгарија се регистрирани над 78 илјади мигранти кои илегално ја минале границата. Над 77 илјади влегле од Србија каде што најчесто доаѓале од Македонија.

XS
SM
MD
LG