Достапни линкови

Хан: политички лидери да работат во интерес на државата


Јоханес Хан

Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан престојува во Македонија. За денеска е предвидено тој да се сретне со лидерите на четирите најголеми политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи со цел надминување на политичката криза во земјата. Еврокомесарот Хан, по вчерашното пристигнување во Скопје за телевизија Телма изјави дека доаѓа во Македонија за да го помогне процесот на преговори со цел да се пронајде решение со кое, како што рече, ќе се зачува евроатланската перспектива на државата. Тој апелираше до сите политички лидери, да работат во интерес на државата, а не за личните интереси. „Се работи за државата, треба да се преземе одговорноста и да се работи во интерес на народот, за иднината“, изјави Хан. На денешните средби треба да присуствуваат и европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан.

XS
SM
MD
LG