Достапни линкови

Преговорите со Иран не завршуваат денеска?


Иран и шесте светски сили вечерва треба да одржат состанок за иранската нуклеарна програма. Иранските медиуми го цитираат министерот за надворешни работи Мохамед Џавид Зараф како вели дека состанокот нема да заврши денеска иако најновиот краен рок што си го зададоа преговарачите истекува денеска. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека се уште има шанси да се постигне договор во следните часови. Запрашан од новинарите дали има шанси денеска да има договор, тој рече - Секогаш има шанси. Се очекува наскоро иранскиот претседател Хасан Рохани да и се обрати на нацијата на државната иранска телевизија.

XS
SM
MD
LG