Достапни линкови

logo-print

НАТО го поздрави договорот на Грција со ЕУ


НАТО денеска го поздрави договорот за помош меѓу Грција и лидерите на Европската унија, истакнувајќи оти грчката економска стабилност има витално значење и за безбедноста на другите земји-членки на Алијансата.

„Го поздравувам договорот, бидејќи мислам дека е важен за грчката економија но и за Европа во целост и за НАТО. Стабилноста, економскиот напредок (на Грција) е важен од многу причини, но секако е важен и за безбедноста на сите наши земји“, посочи генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг во Словенија.

Тој посочи дека Грција неколку години издвојува повеќе од два отсто од бруто домашниот производ за одбраната.

„Грција и во иднина ќе инвестира во одбраната“, наведе Столтенберг.

XS
SM
MD
LG