Достапни линкови

Украинската пилотка Савченко се соочува со 25 години казна затвор


Руското Обвинителство денеска испратило обвинение за затворената украинска пилотка Надја Савченко до Судот во регионот Ростов, соопштија од Канцеларијата на рускиот обвинител. Савченко е обвинета за директно учество во убиството на двајца руски новинари кои загинаа минатата година додека го покривале конфликтот во Украина. Таа исто така е обвинета за обид за убиство и нелегално влегување на руска територија. Обвинителството соопшти дека Савченко се соочува со казна затвор од 25 години. Според нив за обвинението против Савченко следува доживотен затвор, но на жените не им се досудува доживотна казна според рускиот Кривичен законик.

XS
SM
MD
LG