Достапни линкови

Тачи се сретна со Нуланд


Претседателот на ДПА Мендух Тачи на денешната средба со помошникот државниот секретар на Стејт департментот за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд, рекол дека ДПА покажала целосна подготвеност за спроведување на структурните реформи кои произлегуваат од договорот на 2 јуни и препораките на ЕК, кои вклучуваат имплементација на препораките на извештајот на Прибе.

На средбата Тачи повторил дека ДПА во овој пакет на реформи бара да бидат вклучуени и целосната употреба на албанскиот јазик во Парламентот, двојно гласање за одобрување на буџетот, како и другите точки од политичката платформа.

Како што се наведува во партиското соопштение на ДПА, Тачи рекол дека сегашната ситуација е нелогична и спротивна на она што треба да се направи за да се реши политичката, правната и економската криза.

XS
SM
MD
LG