Достапни линкови

logo-print

Вучиќ - помирувањето продолжува и покрај нападот


Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека по нападот во Сребреница, нема да ја промени својата политика. Тој за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ вели дека мора да се создаде заедничка иднина за сите, па и, како што кажа, за неговите напаѓачи.

„Нема да ја променам својата политика, мојата рака и натаму е пружена. Мораме да мислиме на иднината и да создадеме основа за подобар живот на Бошњаците и Србите“, рече Вучиќ и додаде дека инцидентот уште повеќе го уверил дека сите напори мора да се вложат во помирување.

Освен тоа, Вучиќ изнесе обвинувања на сметка на босанско-херцеговската полиција.

„Наслутував дека ќе ме исвиркаат, сметав и на навреди, но не претпоставив дека ќе бидам изложен на организиран напад, а босанската полиција да не ме заштити“, додаде Вучиќ.

XS
SM
MD
LG