Достапни линкови

Хан утре во Скопје за надминување на кризата


Еврокомесарот Јохнес Хан утре ќе ја посети Македонија, се наведува во соопштение на Европската комисија. Тој ќе се сретне со лидерите на четирите најголеми политички партии, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Мендух Тачи. Во соопштението се наведува дека средбите кои ќе се одржат на 14 јули имаат за цел надминување на политичката криза во земјата. На средбите исто така ќе присуствуваат и европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, стои во соопштението на ЕК.

XS
SM
MD
LG