Достапни линкови

logo-print

САД испорача воени авиони на Ирак


Ирак доби борбени авиони Ф-16 од САД, соопшти ирачката влада. Четири авиони слетале во воената база Балад, северно од главниот град Багдад. Тие се првиот дел од пратката која е за зајакнување на ирачката војска. Ирак порача 36 воени авиони, но првичната испорака беше одложена поради загриженоста за безбедноста по нападите од групата Исламска држава која зазеде големи делови од земјата минатата година. Ирачката влада денеска најави лансирање на голема офанзива за да си ја поврати провинцијата Анбар од екстремистичката група.

XS
SM
MD
LG