Достапни линкови

logo-print

Нуланд: Има политичка волја за решавање на кризата


Помошник државниот секретар на САД за Европа, Викторија Нуланд

Помошник државниот секретар на САД за Европа, Викторија Нуланд

Постои политичка волја за надминување на кризата и остануваат отворени уште неколку прашања, изјави помошник државниот секретар на САД за Европа, Викторија Нуланд по средбата со премиерот Никола Груевски во македонската влада.

Според Нуланд, што поскоро се најде решение за политичката криза, толку побрзо Македонија ќе се врати на евроатланскиот пат.

Таа порача и дека САД силно го поддржуваат договореното од 2 јуни и најавените разговори на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и политичките лидери од земјата кои треба да се одржат утре.

XS
SM
MD
LG