Достапни линкови

Романија подигна обвинение против Понта


Романското обвинителство денеска соопшти дека подигнале обвинение против премиерот Виктор Понта и започнале кривична истрага за фалсификат, даночно затајување и перење пари. Од Обвинителството велат дека исто така привремено му ги замрзнале сметките на Понта. Истрагата која започна во јуни се однесува на времето кога Понта бил адвокат, пред да стане премиер. Во тоа време тој бил и член на романскиот парламент. Премиерот вели дека не сторил ништо лошо и вети дека ќе соработува со обвинителите за време на истрагата.

XS
SM
MD
LG