Достапни линкови

Средба Ахмети - Нуланд


Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска во Амбасадата на САД во Скопје се сретна со помошник државниот секретар на САД Викторија Нуланд која престојува во посета на Македонија. Како што информира партијата, се разговарало за политичката криза во државата и за начините за нејзино надминување, како и за евроатланската интеграција на Македонија преку решавање на прашањето за името и структурните реформи.

„Претседателот Ахмети го оцени како неприфатливо продолжувањето на политичка криза бидејќи целото општество е во очекување на решение и продолжување на нашиот евроатлантски пат“, се наведува во соопштението од партијата.

Од американска страна е истакнато дека САД останува силен партнер и поддржувач на евроатлантската интеграција на Македонија. Во врска со спорот за името, двајцата соговорници разговарале да продолжат со заедничките напори за наоѓање решение за спорот за името со Грција, веднаш по решавањето на политичката криза.

XS
SM
MD
LG