Достапни линкови

Ципрас - Договорот е тежок


Имавме тешка битка во последните шест месеци, се боревме да добиеме најдобро од договорот со кој на земјата ќе и се даде можност да застане на нозе, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по успешното завршување на маратонската расправа за грчкиот проблем во Брисел.

„Се најдовме пред тешки одлуки и дилеми. Зедовме одговорност за одлуката, со цел да ги ибегнеме намерите на екстремно конзервативните кругови“, додаде Ципрас и рече дека договорот е „тежок“.

Тој по средбата во Брисел, изјави дека излегувањето на Грција од еврозоната е минато.

XS
SM
MD
LG