Достапни линкови

Прво решение за кризата, па потоа за името


Архивска фотографија: Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Попоски и Никос Коѕијас во Скопје.
Архивска фотографија: Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Попоски и Никос Коѕијас во Скопје.

Македонија од година в година добива сè покритични извештаи од Европската унија, најголем дел од нив поврзани со демократските стандарди, па се чини дека проблемот за името со Грција паѓа во втор план.

Пред да пристигне во Скопје од Дубровник, американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд задолжена за европски и евроазиски прашања порача: „големите политички партии да престанат да се расправаат и да тргнат по патот на демократски реформи кои ги подготви еврокомесарот Хан, а потоа да се фокусираат на решавање на спорот за името со Грција.

На овие преговори што се водат и со Европската унија и со инволвирање на американската администрација, многу енергија се троши за тоа како треба да се реши кризата во Македонија, а името проформа се споменува и ништо посериозно не се презема.
Исмет Рамадани , претседател на Евроатланскиот совет на Македонија.

Додека земјава од година в година добива сè покритични извештаи од Европската унија, најголем дел од нив поврзани со демократските стандарди, проблемот за името со Грција се чини паѓа во втор план.

Викторија Нуланд.
Викторија Нуланд.

Претседателот на Евроатланскиот совет на Македонија Исмет Рамадани вели дека зголемувањето на листата на забелешки за земјава се покажало и на самитот на НАТО во Велс каде што првпат името не било главна тема, туку проблемите со демократијата.

Сè што потоа следуваше околу слобода на медиуми, владеење на правото и слично е само дополнителен притисок Македонија да ја држат на работ од длабокиот понор и ние цело време да зависиме од нив.
Ристо Никовски, поранешен дипломат.

„На овие преговори што се водат и со Европската унија и со инволвирање на американската администрација, многу енергија се троши за тоа како треба да се реши кризата во Македонија, а името проформа се споменува и ништо посериозно не се презема“, вели Рамадани.

И поранешниот дипломат Ристо Никовски смета дека проблемот за името е паднат во втор план, но тој смета дека тоа не било по вина на Македонија, туку на Грција, која издејствувала, како што вели, НАТО да стави блокада на земјава во 2008 година.

„Сè што потоа следуваше околу слобода на медиуми, владеење на правото и слично е само дополнителен притисок Македонија да ја држат на работ од длабокиот понор и ние цело време да зависиме од нив“, вели Никовски, кој во насока на притисок врз Македонија ги толкува и актуелните изјави на Нуланд.

Рамадани, пак смета дека свесни за поттурнување на проблемот за името во втор план, меѓународната заедница се обидува засилено да го врати ова прашање на агендата.

„Состојбите во Македонија се влошија, состојбите исто така и во Грција во однос на финансиската ситуација таму се влошија. Во ваква ситуација меѓународната заедница добива аргумент плус да ги потсети и двете земји кога веќе се во некоја криза дека би било добро во тој пакет да се реши проблемот за името“, вели Рамадани.

Во меѓувреме, додека е во тек актуелната политичка криза во Скопје допатува грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, а средбата со домаќинот Попоски заврши во невообичаено конструктивна атмосфера - со единаесет мерки за градење доверба и порака дека за секој проблем постои решение па дел аналитичари и на ова гледаат како на сигнал за решавањето на името во пакет со кризата.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG