Достапни линкови

logo-print

Тензии по судирот меѓу украинските сили и „Десен сектор“


Украинските безбедносни сили бараат од членовите на украинската крајно десничарската група „Десен сектор“ да се предадат откако во нивната меѓусебна престрелка во градот Мукачево биле убиени две лица. Овој судир ги нагласи тензиите меѓу владата и националистичките групи кои беа вклучени во протестите со кои лани беше соборен од власт прорускиот претседател Виктор Јанукович. Деновиве украинските власти покренаа операција за разоружување на членовите на „Десен сектор“ во близина на Мукачево во близина на границата со Унгарија и Словачка.

XS
SM
MD
LG