Достапни линкови

Продолжуваат нуклеарните преговори со Иран


Дипломати од Иран и од шестте светски сили ги продолжиле преговорите и во текот на изминатата ноќ во обид да постигнат финален договор за иранската нуклеарна програма. По над две недели преговори со три продолжувања на конечниот рок за постигнување договор, шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф синоќа изјави дека нема да има ново продолжување по денешното. Двете страни претходно оценија дека се блиску до постигнување договор, но американскиот државен секретар Џон Кери по вчерашната средба со Зариф изјави дека некои прашања остануваат отворени.

XS
SM
MD
LG