Достапни линкови

Ципрас, Оланд, Меркел и Туск постигнале компромис?


Лидерите на Грција, Германија, Франција и Европската унија во текот на изминатата ноќ постигнале компромис околу договорот за спасувачкиот пакет за Атина. Предлогот сега би требало да биде прифатен од другите членки на еврозоната, јавуваат новинските агенции повикувајќи се на претставници на Европската унија. Грчкиот премиер Алексис Ципрас, германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск го договориле предлогот на маргините на вонредниот самит на 19 земји од еврозоната. На Атина и е неопходна финансиска помош за да спречи банкрот и излегување на земјата од еврозоната.

XS
SM
MD
LG