Достапни линкови

logo-print

Викторија Нуланд во Скопје


Викторија Нуланд

Викторија Нуланд

Помошник американскиот државен секретар задолжен за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд денешната посета на Македонија ја почнува со средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски. Таа ќе има средби и со други претставници на власта и на опозицијата на кои, како што е најавено, ќе ја изрази американската поддршка на евроатланските интеграции на Македонија и на напорите на еврокомесарот Јоханес Хан за надминување на политичката криза во Македонија. За таа цел утре во Скопје треба да допатува и еврокомесарот Хан. Викторија Нуланд вчера престојуваше на Косово, а својата европска турнеја треба да ја заврши со посета на Украина.

XS
SM
MD
LG